Сагосен се врати на терен по 175 дена, ќе биде ли подготвен за Македонија?

Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен се врати на ракометните терени по 175 дена, откако се повреди во финишот на минатата сезона.

Тој заигра на мечот меѓу Кил и Гумерсбах, кој го добија „зебрите“ со три гола разлика, 31-28 на домашен терен.

Сагосен шутираше четири пати на овој натпревар, а погоди само еднаш, што е разбирливо по двете операции што ги имаше.

Веројатно Сагосен ќе има дозирана минутажа во следниот период, но прашање е дали ќе биде подготвен за предизвикот наречен Светско првенство и дуелите со Македонија, Аргентина и Холандија.

Тој сигурно ќе се најде на списокот на селекторот Виле, но ќе биде во трка со времето за настап на Мундијалот.