Најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен остана единствен, кој ќе игра на завршниот викенд од оние од првите осум стрелци од досегашниот дел на Европското првенство.
Сагосен има 51 гол, а следните седум ракометари веќе завршија со натпревари. Следниот играч кој ќе има уште два меча е ракометарот на Словенија, Јуре Доленец кој има дури 19 гола помалку, па сосема извесно е дека Сагосен е во огромна предност.
Предноста е голема, па на Сагосен е само да ја доврши веќе одлично почнатата задача на овој шампионат.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ТОП 10
51 – Сандер Сагосен (Норвешка)
47 – Никита Вајлупов (Белорусија)
46 – Никола Билик (Австрија)
37 – Арцем Каралек (Белорусија)
37 – Ондреј Здрахала (Чешка)
35 – Роберт Вебер (Австрија)
34 – Јанко Божовиќ (Австрија)
32 – Бенце Банхиди (Унгарија)
32 – Јуре Доленец (Словенија)
29 – Алекс Душебаев (Шпанија)
29 – Игор Карачиќ (Хрватска)
29 – Станислав Каспарек (Чешка)
29 – Андреас Нилсон (Шведска)