Норвешка пристигна во Египет и веднаш по пристигнувањето ракометарите имаа многу забелешки за организацијата на првенството, а пред сè на безбедноста на играчите. Тие се сместени во хотел одалечен два часа од салата и насекаде има луѓе без маски.
Најавено беше дека ќе бидат преземени најстроги мерки и протоколи за учесниците на Мундијалот, но по пристигнувањето повеќе репрезентации се пожалија на непочитување на безбедносните протоколи. Ѕвездата на Норвешка, Сандер Сагосен во изјава за норвешките медиуми ја искажа загриженоста за своето здравје.
„Не знам дали може ова да се нарече „балон“, од сè што ни беше ветено не видовме ништо. Овде е како на див запад, нормално е да се плашиме да не се заразиме. Можеме само да се молиме да не се заразиме со коронавирус, на нашиот кат во хотелот има луѓе без маски кои слободно се шетаат. За среќа ние сме дисциплинирани, носиме маски и одржуваме растојание. Шокиран сум од ваквата организација, како некој да се шегува со нас, ова е пародија“, рече Сагосен.
Репрезентацијата на Норвешка е еден од главните фаворити на на оваа првенство, но нивните изданија многу ќе зависат од условите во Египет. Тие ќе играат во групата Е каде што ќе се сретнат со Австрија, Франција и Швајцарија која ќе настапи на местото на САД.