Норвешкиот првак Колстад се соочува со големи финансиски проблеми пред стартот на новата сезона.
Сандер Сагосен, кој ова лето му се приклучи на новиот дрим-тим, вели дека никогаш не играл ракомет за пари, но се надева дека ситуацијата ќе се среди.
„Ова се брутални вести за сите кои се вклучени во овој проект. Жално е кога ќе се случи вакво нешто. Јас никогаш не сум играл ракомет за пари и тоа сите го знаат. Стојам зад проектот и верувам дека на крајот ситуацијата ќе се среди“, изјави Сагосен.
Колстад е првиот гостин во Битола во Лигата на шампионите, и треба да игра со Еурофарм Пелистер на 13/14 септември.
Колстад се огласи: Намалуваме плати поради високата инфлација, каматните стапки, енергетската криза…
Не е се розово во Колстад – клубот има проблеми, ќе ги намалува платите на Сагосен, Род, Јоханесен…