Сагосен: Мојата одлука не е против Кил, туку е за доброто на моето семејство

Еден од најдобрите ракометари во светот во моментов, Сандер Сагосен од вчера и официјално е член на екипата на Колстад каде ќе игра од летото во 2023 година.

Сагосен се враќа дома во клубот каде во 2012 година ја почна својата кариера и ќе биде лидер на тимот кој најавува голем проект.

„Донесувањето на оваа одлука беше навистина тешко. Последните неколку недели исто така беа особено тешки. Сакам да појаснам дека оваа одлука не е против Кил, туку за доброто на моето семејство. Ова им го кажав и на Сцилаги и Јиха за време на долгите преговори. Мене ми се дооаша во Кил, но не сакам на крајот од мојата кариера да си го поставам прашањето: ‘Што би се случило доколку…?’ Од дома изгледов на 18 години за да играм ракомет на друго место. Сонував да играм успешн, но сега е време да се вратам дома“, вели Сагосен.

Тој е благодарен на ваквата можност бидејќи може конечно да биде дома до семејството и да игра ракомет.

„Благодарение на проектот во Колстад мојот сон наеднаш станува стварност. Во 2023 година ќе поминат десет години откако го напуштив Троднхајм. Враќањето дома ќе ми овозможи повторно да ја комбинирам работата на професионален спортист со моето семесјство, редовно да ги гледам моите роднини и да живеам со нив“.

Иако е веќе јасно дека си заминува од Кил има уште за играње за „зебрите“ и најавува дека ќе ја одработи задачата на највисоко можно ниво.

„Додека да го напуштам Кил ќе дадам максимум за овој клуб. Секој навивач на тимот со право очекуа многу од мене, а јас не очекувам ништо помалку од себе. Сакам да продолжам да се забавувам и да освојувам уште титули бидејќи Кил секогаш ќе биде најголеимот клуб во светот, а Колстад има што да научи“, коментира Сагосен.

Тој не беше на гостувањето во Скопје против Вардар поради тоа што беше позитивен на Ковид 19, но се очекува да се врати на терените после ЕХФ неделата.