Најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен е лидер на стрелците на Светското првенство после првата фаза. Тој успеа да постигне 30 гола на првите три средби и има одлични бројки така што со овој просек може да се доближи до уште еден рекорд на Лазаров.
Откако успеа да му го сруши рекордот на Европските првенства сега ќе се обиде да го направи истото и на Мундијалите така што ќе биде доста интересно до крајот. За да го направи тоа ќе мора да биде уште поефикасен односно редовно да биде двоцифрен на крајот од средбите,
Сагосен досега има просек од десет гола по натпревар така што и утре се очекува да продолжи во истиот стил.
Најдобар стрелец на Македонија е Лазаров со 16 гола и тој е на делба на 20. место што е некарактеристично за него, но факт е дека Кире веќе не шутира како порано и дека остава повеќе простор за помладите кои засега не го користат тоа најдобро.