Репрезентативецот на Норвешка, Сандер Сагосен, кој се врати на ракометните терени по 175 дена, откако се повреди во финишот од минатата сезона, е оптимист за неговиот настап на Мундијалот во јануари.
Искусниот ракометар на Кил се надева дека ќе им помогне на своите репрезентативни колеги на Светското првенство во Полска и Шведска.
„Беше навистина одлично што се вратив по толку голема пауза. Тоа е психолошко олеснување по сите овие месеци отсуство. Сега се чувствувам добро, се изгледа одлично, на добар пат сум. Но ова, не го земам здраво за готово. Се надевам дека нема да имам никакви компликации. Ако се оди како што треба, мојот настап на СП е можен. Добро тренирав во Трондхајм. Никогаш не сум бил во толку одлична форма како сега”, изјави Сагосен за норвешката телевизија ,,ТВ2″.
Норвешка е еден од ривалите на Македонија на Светското првенство во јануари. Ракометарите на Виле освен со Македонија ќе играат и со репрезентациите на Аргентина и Холандија во рамки од групата Ф.
Сагосен се врати на терен по 175 дена, ќе биде ли подготвен за Македонија?