Интернационалката од Македонија, Савица Мркиќ после неколку месеци играње за тимот на Понтинија од Серија А во Италија си заминува од екипата.
Таа нема да продолжи со настапиве во вториот дел од шампионатот така што тимот останува без нејзините услуги.
Засега нема информација која ќе биде нејзината следна станица во кариерата, но со оглед на тоа што имаше солидни настапи нема да биде проблем да најде нов клуб и да продолжи со игрите на интернационално ниво.
Левиот бек потекнува од школата на ѓорчепетровки и своевремено го носеше дресот на Еуростандард Ѓорче Петров, а потоа и на Кометал Ѓорче Петров. Во кариерата играше во Грција, Србија, Романија, Шпанија, Исланд, Германија, но и во Ангола.