Женската кадетска репрезентација на Македонија со максимални три победи ја заврши групната фаза на Светското првенство, откако славеше и над Иран со убедливи 31-19.
Нашите ракометарки ќе пренесат два бода во главната рунда, каде што ќе се сооочат со Исланд и Шведска.
Селекторот Љубомир Савевски вели дека ракометарките се уште не играат на нивото на кое посакува.
„Разликата е поголема од квалитетот што го прикажавме. Се уште не играме како што сакаме и како што тренираме. Но нашата одбрана денеска беше подбра од вчера. Сега мора да се фокусираме и да го прикажеме најдоброто против Шведска“, вели Савевски.
Двата меча со Шведска и Исланд ќе се играат на 3 и 5 август од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“