Кадетките пропуштија златна шанса против Исланд и загубија со 25-22 во решавачкиот натпревар за место во четвртфиналето на СП.
Селекторот Љубомир Савевски вели дека пропуштените шанси не чинеа пораз од селекцијата што веќе имаше обезбедено четвртфинале уште пред овој дуел.
„Сите натпревари ги игравме со краток ростер. Пропуштивме многу шанси. Се вративме во мечот и стигнавме на минус еден, но промашивме и пенал и празен гол, па не можевме да се справиме со ситуацијата“, вели Савевски.
Следува разигрување за пласман од 9 до 12 место, кое ќе започне против Германија на 7 август од 14:00 часот. Ако победиме ќе играме за 9 место со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка, ако загубиме ќе играме за 11 место со поразениот од тој натпревар.