Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за собир и подготовки за престојното Светско кадетско првенство, кое ќе се одржи во нашата држава.
На списокот од 20 ракометарки се наоѓа и една интернационалка. Станува збор за кружниот напаѓач Мила Пешиќ која настапува во Германија. Припремите за Светското кадетско првенство ќе започнат на 10 јули во Маврово.
Македонија во периодот од 30 јули до 10 август ќе биде домаќин на Светското кадетско првенство во женска конкуренција. Избраничките на Љубомир Савевски ќе играат во група Б заедно со Узбекистан, Иран и Сенегал.
Натпреварите ќе се играат во „СЦ Борис Трајковски“ и во двете сали во „СЦ Јане Сандански“. За Македонија ова ќе биде второ учество на кадетскиот Мундијал по оној во 2014, на кое нашата земја беше домаќин на најдобрите светски репрезентации.