РФМ се вклучи во битката на Шопов, донираше за неговото лекување во Турција

Битката со тешката болест на добро познатиот поранешен ракометар од Велес, Тони Шопов продолжува, а хуманоста на народот од Македонија уште еднаш се докажа на дело.

Покрај донациите кои пристигнаат на сметката, денеска Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да донира средства во висина од 307.500 денари.

Во соопштението од РФМ стои дека Шопов има оставено голем придонес во ракометот во Велес, но и во репрезентацијата на Македонија бидејќи се работи за поранешен репрезентативец.

Како што претходно беше објавено потребни се 20.000 евра за да може Шопов да го продолжи лекувањето во Турција.