Ракометната федерација на Македонија го одреди терминот за првиот натпревар од квалификациите за место на Европското првенство во Словачка и Унгарија во 2022 година.
Како и последните натпревари, кои се играа на домашен терен, така и овој против Финска ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Денот е 4 ноември, а ќе започне од 20:00 часот.
Вториот дуел, Македонија го игра на гости кај Швајцарија во гратчето Цуг близу Цирих на 7 ноември од 18:30 часот.
Во нашата квалификациска група е уште и светскиот првак Данска.