Ракометната федерација на Македонија ги соопшти казните за инцидентот во Кичево кој се случи на 30. април во натпреварот помеѓу Кичево и Преспа кој заврши без победник 26:26.
Во 49 минута од овој натпревар домашниот тренер Драган Кузманоски ги нападна судиjата Александар Груевски кој доби удар. Камерата која го снимаше мечот го сними моментот кога Кузманоски „дели правда“, но затоа претходно снимаше паркет, додека се случуваше спорниот момент поради кој и беше инцидентот. А и потоа кога се расчистуваше ситуацијата.
На снимката може да се види и дека судиите имаат дилема дали да го прекинат натпреварот, но сепак истиот продолжува.
Ракометарот на Кичево, Виктор Василевски е казнет со два натпревари суспензија (куп или првенство), казната стапува на сила веднаш и важи за следните два натпревари.
За разлика од Василевски, тренерот Драган Кузмановски доби жестока казна. РФМ му изрече забрана за вршење на сите функции во ракометот во Македонија во траење од две години. Казната важи од 01.05.2022 до 30.04.2024 година.