Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија имаше многу работи изминатата седмица. Изрече суспензии за шестмина ракометари, а од нив четворица (по двајца од тимовите на Алушовски и Македонија Ѓорче Петров) заработија жестоки казни и практично нема да играат до крајот на сезоната.
Ристо Узунчев од Партизан Гевгелија поради црвениот картон ќе паузира само еден натпревар, додека Влатко Тасевски доби казна од Куманово, ќе паузира на два натпревари.
На дуелот меѓу РК Алушовски и Македонија Ѓорче Петров, кој го добија гостите со 31-35, во финишот на првиот дел имаше кошкање меѓу играчите на двете екипи, четворица добија црвени и сини картони.
Мартин Табакоски, Бојан Стојчевски, Обрен Фичуровски добија шест месечна суспензија, додека Марко Митревски нема да игра ракомет во следните осум месеци.