РФМ се изјасни: Високи парични казни за двете екипи, вардарци два меча без публика!

Дисциплинската комисија на Ракометна Федерација на Македонија ги изрече казните по дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

РФМ денеска им ја испрати одлуката на двата македонски клуба, додека на официјалниот сајт на нашата куќа на ракометот, има објавени билтени само од првите три кола, иако се одиграни веќе осум.

По хаосот што го приредијата навивачките групи Комити и Чкембари, двата тима се казнети со парична казна од 150.000 денари, додека Вардар покрај паричната, се соочува и со уште една казна.

Maкедонскиот шампион е казнет со два натпревари без присуство на публика, а тоа ќе бидат средбите против Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

На последната домашна средба на Вардар против Алкалоид, која лесно може да биде решавачка за исходот на шампионската титула, ќе биде дозволено присуство на публика.