Ракометната федерација на Македонија го одреди датумот кога претставниците на клубовите ќе треба да се соберат на Редовно Собрание. Вообичаено тоа е на крајот на јануари или почетокот на февруари, а веќе е одреден и точниот датум.
Управниот одбор на РФМ одлучи Собранието да се одржи на 31 јануари во 2021 година.
Ова Собрание ќе биде изборно, а тоа значи дека на него актуелниот претседател Живко Муакетов би требало да добие нов мандат или можеби ќе има и противкандидат за функцијата претседател на РФМ.
До 31 јануари има уште време така што во следниот период ќе биде добро познато како ќе се одвиваат работите со најтрофејниот клупски спорт во Македонија.
Мукаетов ја предводи РФМ веќе два мандати, па во јануари тоа би било гласање за негов трет мандат на позицијата претседател на Ракометната федерација на Македонија.