Иако првично беше наведено дека ќе биде одложен само натпреварот меѓу Охрид и Струга, сепак, трагичниот настан кој се случи денеска во водите на Охридското езеро е причина да биде одложено комплетното 13. коло за понеделник.
Од Ракометната федерација на Македонија изразуваат сочуство до семејството на починатиот ракометар, Никола Даниловски.
Сите го изразуваат своето сочуство и го испраќаат последниот поздрав до Даниловски преку социјалните мрежи, па денеска никој не е во можност да го прикаже она што се очекува на теренот. Оттаму денеска нема да има натпревари во плеј-офот и сите средби ќе бидат одиграни во 19 часот в понеделник.
Останува да се види дали ќе има поместување можеби за последното коло со оглед на тоа што истото првично беше предвидено за в среда.