Во игра за местото како селектор - тренер на некоја од младинските селекциите се Јуле Дамчевска, Валентина Радуловиќ, Андријана Будимир, Љубица Георгиевска...
Ракометната федерација на Македонија ќе ја исправи грешката со „еден селектор за сите“ и по „взаемната спогодба за прекин на соработката“ со последниот селектор Љубомир Савевски во иднина ќе има посебни селектори-тренери на секоја возрасна категорија.
Веќе се преговара со тренери кои работат во македонските клубови, и тоа со дами, па и од странство од каде би требало набрзо да се фатат за работа. Летово има две ЕП во млади категории, а Македонија се уште нема селектр, тренери, стручен штаб, ниту пак план за подготовки.
Долг е списокот на тренери на кои смета РФМ, и се надева дека некои од нив би прифатиле да бидат во новиот стручен штаб. Во моментов најважни се младинската и кадетска репрезентација, бидејќи двете летово треба да настапат на ЕП. Кадетките треба да играат во Црна Гора, а младинките во Романија.
На масата на претседателот на РФМ има повеќе имиња, од кои УО треба да ги назначи новите селектори – тренери. Препорака да бидат дел од женските репрезентации има за Јулијана Дамчевска, Валентина Радуловиќ, Андријана Будимир, Љубица Георгиевска, Анжела Платон… РФМ сака да направи поголем стручен штаб кој ќе биде вклучен во работата со сите старосни категории, но сепак за секоја селекција да има посебен тренер кој би бил и селектор на таа селекција.
Според информациите на 24Ракомет, РФМ е пред одлука за враќање на младинската репрезентација под палката на Јулијана Дамчевска која е актуелен тренер на ЖРК Металург. Таа и во минатото беше дел од младинските селекции, па и од сениорскиот стручен штаб. По неуспехот на Македонија на сениорското ЕП 2022, селекторот без обрзаложение телефонски го смени целиот стручен штаб, а тој продолжи да ја води репрезентацијата. Дамчевска би требало да ја предводи репрезентацијата на ЕП во Романија.
За кадетките најголеми шанси има Валентина Радуловиќ. Таа е дел од женскиот тим на Скопје кој сезонава првпат настапува во првенството на Македонија. Зад себе има големо интернационално искуство како играч и две европски тутули со Шлагелсе.
Анжела Платон ги предводи младите на ЖРК Вардар, тимот кој има во своите редови токму ракометарки производ на Платон, а сега се во првиот тим. Во игра е и Љубица Георгиевска која е дел од генерацијата што во 90-те години играше на големите натпреварувања за Македонија. Таа одамна живее и работи во Роскилде во Данска. Сега е тренер на млади категории.
Сите селектори – тренери на младинските селекции ќе бидат дел и од големиот стручен шатб што исто така ќе работи и со сениорскиот погон. Таму треба да се приклучи и Едуарда Аморим кој во моментов е на породилно.