РФМ ги „облече„ судиите, па делегатите побараа одела за нив

Судиите сезонава ќе бидат подновени со нови гарнитури на опрема, на кои повторно ќе има реклами од компанија што е сопственик на две клуба во машката Супер лигата. Делителите на правдата во ракометот и досега имаа опрема каде имаше реклами од истата компанија и нивните производи, иако им судеа на истите клубови.

Но, сега опрема си побараа и делегатите. На Собранието на РФМ денеска, претставникот на здружението на ракометни делагати и контролори побара од претседателот на РФМ да им излезе во пресрет и да им помогне околу набавка на нова опрема. А делегатите на секој натпревар доаѓаат со сако и кошула, и панталони или фармерки и ја имаат ознаката дека се делегати на ЗРКД.

Претседателот на РФМ, им порача дека е подготвен и со нив да разговара околу ова прашање, и делегација на Здружението треба да се состане со раководните луѓе на РФМ и компанијата што ги спонзорира и судиите.

Опремата за судиите е за сите што имаат беџ на РФМ, без разлика од рангот на натпреварување. Лани, а и сезонава судиските такси што се исплаќаат за машката Супер лига е 6.000 денари, за женската е 3000, истите суми се и за делегатите во машка и женска конкуренција. Во младинските лиги, судиите добиваат по 1.000 денари од натпревар, исто колку и делегатите.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

.