По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денес ја исплати наградата од 2.000.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското првенство во Германија 2024, како и наградата во износ од 1.000.000 денари за кадетската машка репрезентација за освоеното 9 место на Светското кадетско првенство 2023 во Хрватска.
Сениорите пласманот на континенталниот собир во Германија го обезбедија, откако завршија на второто место во својата група. Ривали на Македонија беа репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург.
Избраниците на Кире Лазаров второто место, кое носеше директен пласман на Европското првенство, го освоија со двете победи над Турција и Луксембург.
Кадетската машка репрезентација на Македонија беше меѓу најголемите изненадувања на Светското кадетско првенство во Хрватска.
Македонските кадети на кадетскиот Мундијал ги совладаа Црна Гора, Грузија, Австрија, Унгарија и Чешка, а имаа само два порази, од Данска и Норвешка.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.