РФМ во проблеми: Металург нема да го брани Куп трофејот – можна замена е Стружанка или Чаир

Поранешниот македонски шампион Металург и актуелен освојувач на Купот по неодиграниот натпревар од Женската лига против Чаир, веројатно нема да игра ниту против Куманово на завршниот турнир во Купот на Македонија што во петок треба да се игра во Охрид.

Финансиските проблеми на тимот од Автокоманда се причина што ракометарките и стручниот штаб не го одиграа дуелот со Чаир во саботата, а нема да играат ниту во СРЦ „Билјанини Извори“. Ракометарките на Металург не тренираат воопшто и мала е веројатноста да се соберат и да го одиграат овој меч од Купот.

Според информациите на 24Ракомет, Натпреваручката комисија на РФМ во текот на денешниот ден треба да реши дали и која екипа ќе биде замена за Металург во Охрид. Едната варијанта е тимот на Стружанка да го завземе местото на Металург бидејќи тие играа во финалето на групата со Металург.

Металург во четвртфиналната рунда ја елиминираше Стружанка, па оваа екипа би можела да игра на Ф4. Според пласман на табела, и екипата на Чаир би можела да биде замена за Металург на завршницата на Купот. Скопјани се расположени да играат на Ф4, но за тоа треба да добие потврда од РФМ.