Ракометарите на Струга во 12. коло од Супер лигата забележаа нов пораз пред своите гледачи. Овој пат со бодови од Струга си заминува составот на Радовиш кој триумфираше со 29:24.
Само почетните минути од дуелот им припаднаа на домаќините кои беа во водство само до 3:1. Следуваше серија од 6:0 на Радовиш со што го преземаа водството и во продолжението на првиот дел имаа целосна контрола на резултатот. На полувреме Радовиш имаше водство од 14:9.
Продолжението не донесе ништо ново, Радовиш рутински ја одржуваше позитивата, а имаа и највисоки девет позитива. До крајот Стурга беше немоќна да се врати во натпреварот и мораше да се помири со нов пораз. Со овој пораз остануваат на дното на табелата со само една победа.
Најефикасен во составот на Струга беше Слободан Новаковиќ со осум гола, а Петар Маркоски постигна шест. Во победничката екипа стандардно најдобар стрелец беше Ивица Илиев со 12 гола.
СТРУГА – РАДОВИШ 23:29 (9:14)
Сала: „Тими“ во Струга. Гледачи: 100. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.
СТРУГА: Стојаноски, Маркоски 6, Крстаноски, Јаковчески, Савески 1, Јанкуловски 1, Стојаноски, Мечкароски, Ферукоски, Стрезоски 1, Костоски 2, Русески 1, Трајковски 1, Симоноски, Новаковиќ 8, Кузманоски 2.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: /.
РАДОВИШ: Паунов, Стојановски 4, Димов, Јованов, Ѓоргиевски 3, Долдуров 2, Ѓоргиев 1, Постолов , Ѓоргиев 1, Органџиев 2, Николов 1, Тушев, Илиев 12, Везенковски 3.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 мин.