Рускиот ракометар Александар Синицин ќе мора да помине три месец во затвор во Белорусија, откако тамошниот суд донесе пресуда за казна.
Левото крило на Таганрог, на почетокот на август, во еден ресторан во белорускиот град Брест бил во алкохолизирана состојба и се однесувал недолично.
Русинот удрил еден гостин, по ударот тој паднал на земја, но Циницин продолжил да се однесува насилно и да го удира, па му нанел тешки телесни повреди.
Тогаш реагирало обезбедувањето, Синицин бил исфрлен од ресторанот. Според неговата верзија, бил испровоциран на караоке журката со зборовите „оди си од Белорусија“, и дека тоа било причината за неговата реакција.
Сепак ја признал вината, ќе одговара за своите постапки и ќе мора да помине три месеци во затвор во Белорусија.