Европската ракометна федерација ги одреди судиите за натпреварите од четвртото коло во Лигата на Европа.
Еурофарм Пелистер ќе се соочи со унгарската Татабања, а руски арбитри ќе ја делат правдата на натпреварот во Битола.
Станува збор за Константин Ершов и Антон Пављуков, додека делегат ќе биде Синиша Рудиќ од Хрватска.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.