Ракометната федерација на Русија му даде ултиматум на Едуард Кокшаров да си поднесе оставка од функцијата селектор после неуспехот на Европското првенство, а тој го направи тоа, но иако поминаа три седмици, „зборнаја“ е без селектор.
До федерацијата пристигнале повеќе поднуди за наследник на Кокшаров, но поголемиот дел од нив се од странски тренери. Генералниот директор на федерацијата на Русија, Лев Воронин го потврди тоа.
„Речиси само странски тренери останаа во комбинација за нов селектро на репрезентацијата. Дали Русин ќе ја предводи Русија? Можеби, но за тоа ќе одлучи комисијата“, изјави Воронин.
Очигледно е дека ќе има големи промени во репрезентациајта на Русија откако и Сергеј Шишкарев најави дека голем дел од ракометарите кои играа на првенството го загубија своето место во националниот тим, но тоа многу ќе зависи и од новиот селектор кој ќе се обиде да ги врати Русите во врвот на европскиот ракомет.