Русија мора да побрза, време е да се избере наследникот на Амброш Мартин

Извршниот комитет на Руската ракометна федерација на 8 февруари ќе има состанок на кој ќе се разговара за постигнатите резултати на машката репрезентација на Светското првенство во Египет, a ќе биде отворено и прашањето за нов селектор на женската селекција.

Репрезентативките на Русија под раководство на шпанскиот стратег, Амброш Мартин разочараа со пласманот на 5. место на Европското првенство во Данска. По неуспехот, Амброш Мартин за време на првенството поднесе оставка, а Русинките во натпреварот за 5. позиција беа предводени од неговиот помошник, Алексеј Алексеев.

Голема е веројатноста дека Алексеев ќе остане селектор на женската репрезентација на Русија за време на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио. Натпреварите ќе се играат од 19 до 21 март.

На состанокот, Велимир Петковиќ, селектор на машката репрезентација на Русија, ќе го изнесе и своето мислење во врска со играта на неговите избраници на завршеното првенство во Египет.