Во финалето на Европското првенство за младинки се најдоа селекциите на Русија и Унгарија откако денеска успеаја да одиграат далеку подобро против своите ривали и дојдоа до победи против Франција и Шведска во полуфиналето.
Првото полуфинале го доби селекцијата на Русија, која славеше против Франција со 25:24. Натпреварот беше многу израмнет, а на полувреме беше 13:13. Во продолжение Русија го диктираше резултатот и успеа да го сочува водството за победа и финале.
Второто полуфинале помеѓу Унгарија и Шведска беше помалку неизвесно, Швеѓанките се држеа само во првите 15 минути, а потоа доминираа Унгарките. Во текот на првиот дел имаа пет позитива, но на полувреме водеа само со 16:15.
На почетокот на вториот дел Шведска стигна и до водство, но тоа траеше кратко и Унгарија брзо го презема водството и до крај на дуелот стигна до убедлив триумф. Во финалето во недела ќе играат Русија и Унгарија, додека Шведска и Франција ќе се борат за третото место.
Во натпреварите за пласман од 5. до 8. место Данска ја совлада Хрватска додека Романија беше подобра од Германија. Победничките екипи ќе играат за 5. место на првенството додека, поразените за 7. позиција на ЕП.
Репрезентацијата која потфрли во групната фаза, Норвешка ќе има шанса да се бори за 9. место откако ја совлада Швајцарија, а противник ќе и биде Чешка која ја победи Словачка. За 13. мето ќе играат Австрија и Црна Гора.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНКИ
ФИНАЛЕ
РУСИЈА – УНГАРИЈА
ЗА 3. МЕСТО
ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА
РЕЗУЛТАТИ ОД ПОЛУФИНАЛЕ
РУСИЈА – ФРАНЦИЈА 25:24 (13:13)
УНГАРИЈА – ШВЕДСКА 33:26 (16:15)
РЕЗУЛТАТИ ЗА ПЛАСМАН
ОД 5. ДО 8. МЕСТО
ДАНСКА – ХРВАТСКА 24:22 (12:12)
РОМАНИЈА – ГЕРМАНИЈА 28:24 (13:11)
ОД 9. ДО 12. МЕСТО
ШВАЈЦАРИЈА – НОРВЕШКА 32:33 (15:17)
ЧЕШКА – СЛОВАЧКА 29:25 (10:11)
ОД 13. ДО 15. МЕСТО
СЛОВЕНИЈА – АВСТРИЈА 25:27 (15:12)