Женската репреентација на Русија од денеска има нов селектор, а на местото на Шпанецот Амброш Мартин е поставен домашен стратег. Практично ВД селекторот, Алексеј Алексеев доби доверба и тој во иднина ќе биде селектор на Русија и ќе се обиде да ја донесе до учество на Олимписките игри во Токио.
Aлексеев има 56 години, а на Европското првенство во декември ја извршуваше задачата помошник, а после оставката на Мартин му беше доверена задачата вршител на должноста селектор.
Од денеска Алексеев е селектор и во стручниот штаб ќе ги има Олга Акопјан и Томас Главати, додека поранешниот селектор Евгениј Трефилов ќе биде консултант.
Алекеев вее 15 години работи како тренер, а досега работел во тумот на Луч откаде во 2019 година преминува во составот на Лада Тољати каде што и во моментов е прв тренер. Во женската сениорска селекција на Русија е од септември во 2016 година.
Првата задача ќе ја има на квалификацискиот турнир од 19 до 21 март, а ќе има тешка задача за да дојде до пласман на Олимписките игри бидејќи во групата ги има Унгарија, Србија и Кина. Место на игрите во Токио ќе има за првите две.