На состанокот на федерациите во Стокхолм за време на машкото Европското првенство, беше донесена одлука и за женското ЕУРО во 2024 година.
Домаќини ќе бидат Австрија, Швајцарија и Унгарија, кои имаа голема конкуренција во Русија.
Но кандидатурата на Русија беше елиминирана уште по првиот круг, па останаа во игра избраниот домаќин и заедничката кандидатура на Словачка, Полска и Чешка.
Австрискиот Инсбурк, швајцарскиот Базел и Дебрецен и Будимпешта ќе бидат градови домаќини на прелиминарните групи, додека во унгарската метропола ќе се игра завршниот викенд.