Машката сениорска репрезентација на Русија ќе настапи на Мундијалот во јануари во Египет, но условите под кои ќе игра ќе бидат посебни.
Арбитражниот суд за спорт (САЅ) пред два дена објави список со санкции против рускиот спорт, а веќе се знае дека Русија не може да игра под националното знаме на Светските првенства, Олимписките игри и Параолимпијадите. Покрај тоа забрането е да се користи и химната на Русија, а знамето не смее да биде истакнато ниту на облеката на спортистите.
Веќе се знае дека за Русија ќе има посебни услови и на Светско првенство, но истите во моментов се изготвуваат и засега нема детали.
Светското првенство се одржува од 13 до 31 јануари во Египет и ќе биде првиот турнир (покрај Олимписките игри) на кој репрезентација од Русија ќе се натпреварува под посебни услови на САЅ.