ЕП 2022: Русите подготвени за блесок, 18 години чекаат за атак на полуфинале

Селекцијата на Русија е наследник на некога силната школа на Советскиот сојуз, селекција која секогаш беше во врвот на светскиот ракомет. Сепак, таа моќ ја загуби својата сила во последните години и тоа беше причина во 2018 година оваа репрезентација да не се најде на шампионатот во Хрватска. Пред две години, пак, ги загуби сите натпревари на првенството, па затоа во март во 2020 година беше ангажиран нов селектор, Владимир Петковиќ.

Русија има тешки години во кои на последните 24 натпревари на европските првенства беа забележани само пет победи, а пред две години заврши на 22. позиција. Пред две години на Мундијалот почнаа подобри денови бидејќи беше обезбедено 14. место, а потоа во квалификациите за ова Европско првенство на шест натпревари беа забележани шест победи против Чешка, Украина и Фарските острови.

Голем дел од исусните играчи веќе не се во составот, а во моментов просекот на годините е 26,6 што не е така малку. Сепак, во составот од 22 играчи се само пет ракометари кои имаат пет играчи на возраст од 30 или повеќе години. Јадрото е од Чеховски медведи каде играат осуммина од составот, а петмина се од ЦСКА Москва.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – СЕРГЕЈ МАРК КОСОРОТОВ

Иако има само 22 години левиот бек веќе прерасна во еден од главните ракометари на Русија. Дебитираше на Европското првенство во 2020 година, а пред една година беше најдобар стрелец на Русија на Мундијалот во Египет каде постигна 26 гола. Последното лето го смени тимот и почна да игра за Висла Плоцк што му донесе напредок бидејќи таму е најефикасниот играч на тимот во Лигата на шампионите. Комбинацијата на неговиот ракометен коефициент на интелигенција и моќните удари дека може да помогне за шансите на Русија за втора рунда да станат повисоки.

ИНТЕРЕСНО

Иако не се квалификуваше во завршниот дел од Европското првенство во 2020 година и испадна после првата фаза селекцијата на Русија и понатаму е на 6. место на вечната листа според пласманите и освоените медали. Има злато во 1996 година и две сребра од 1994и 2000 година. Русија и Шведска беа двете селекции кои на првите четири европски првенства редовно играа во полуфиналето. Од 2006 година наваму, Русија се нема пласирано повисоко од 9. позиција.

УЧЕСТВА НА ЕП

Русите ќе играат по 14. пат на европските првенства, а досега имаат едно злато во 1996 година, две втори места во 1994 и 2000 година. Покрај тоа имат и едно 4. место во 1998 година и две петти места во 2002 и 2004 година.

РАСПОРЕД НА ЕП – ГРУПА Ф

13 ЈАНУАРИ – 18:00ч

РУСИЈА – ЛИТВАНИЈА

15 ЈАНУАРИ – 20:30ч

НОРВЕШКА – РУСИЈА

17 ЈАНУАРИ – 18:00ч

СЛОВАЧКА – РУСИЈА