Машката репрезентација на Русија ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во јануари следната година.
Тие се одвиваат во СЦ „Јане Сандански“ до 2 јануари, кога Русите ќе заминат за Шпанија на подготвителен турнир пред ЕП.
Руските репрезентативци работат под водство на Дејан Периќ и Даниел Јуришиќ, бидејќи селекторот Едуард Кокшаров е во Москва на семинарот за Мастер Коуч.
Тој заедно со Сергеј Горбок ќе дојде во македонската метропола на 28 декември и ќе има три дена за заеднички тренинзи со останатите репрезентативци.
Меѓу 22 ракометари што се најдоа на скратениот список на Кокшаров се и шестмина вардарци – Дибиров, Шишкарев, Горбок, Горпишин, Калараш и Атман.