Во многу специфична ситуација се најде Глеб Калараш по завршувањето на сезоната 2018/2019 во која со Вардар ја освои Лигата на шампионите.
Тој имаше потпишан договор со Мотор Запорожје, но се предомисли и сакаше да остане во „црвено-црните“ редови. Тоа ќе го чини неколкумесечна нервоза и 60 илјади евра од сопствен џеб.
„Ситуацијата во Вардар беше многу тешка поради финансиската криза и по Нова Година почнав да барам клуб. Имав понуда од Мотор Запорожје и кога пред четвртфиналето со Пик Сегед и Самсоненко ни потврди дека си заминува од клубот на крајот на сезоната, зборував со Кокшаров, кој исто така немаше што да ми каже и одлучив да потпишам со Мотор З. Одигравме со Пик Сегед, се пласиравме на Ф4 во Келн и ја освоивме европската титула. По завршувањето на сезоната имавме собир на репрезентација во Скопје и Кокшаров дојде да зборува со мене и да ми каже дека сака да останам во Вардар. Ми рече дека има промена на ситуацијата, дека клубот ќе продолжи на исто ниво да функционира и следната сезона и дека ме сакаат и мене во тимот. Јас му велам дека имам потпишан договор со Мотор, а тој ми вели – како сакаш, така прави! Секако дека сакав да останам во Вардар, а луѓето во Мотор беа лути кога им кажав дека сум се предомислив. Се појавив на почетокот на подготовките, а тие ме оставија да живеам во хотел за сето време додека бев таму, не ме зедоа на подготовки со прва екипа, потоа ми дадоа уште една казна – не патував на подготвителни натпревари во Германија. За сето тоа време се обидував да најдам ’златна средина’ и бев во разговори и договори и со луѓето од Вардар и од Мотор. На крај Мотор побара обештетување и договорот беше јас да го платам мојот трансфер од Запорожје во Вардар – сам си платив 60 илјади евра“, раскажува рускиот репрезентативец.
Во продолжение прочитајте го комплетното интервју со Калараш…
ИНТЕРВЈУ ГЛЕБ КАЛАРАШ: Заминувам од Вардар, заминувам од дома!