Ракометарката на Ростов, Јулија Манагарова го нарече поранешниот тренер на екипата Пер Јохансон – „предавник“ кој ја искористи можноста да го напушти клубот откако почна воената операција.
Покрај тренерот уште неколку ракометарки ја напуштија екипата, Ана Лагерквист, Грас Заади, Едуарда Аморим и Викторија Борченко.
Ростов откако во финалето беше подобар од ЦСКА Москва и стана шампион на Русија повеќето ракометарки на Инстаграм објавија фотографии со „благодарност“ до сите кои си заминале.
Манагарова не останала на нејзината објава и својот став го потврдила со објавување на постовите на колешките како би била сигурна дека нејзината порака ќе стигне до тие што е наменета. Русинката кон Јохансон напиша „Ти благодарам што си замина од клубот Пер, со тебе ќе изгубевме“.
Инаку Манагарова е родена во Украина и за таа репрезентација има одиграно 46 натпревари пред да се пресели во Русија и да започна да настапува за репрезентацијата и со која освои медали на големите натпреварувања.