Ракометарката на Ростов Дон и репрезентативка на Русија, Ана Сен, која во својата кариера има златен медал од Олимписките игри во Бразил, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија со наслов „Другата страна на медалот“.
На фотографијата се гледаат бројни модринки и гребнатини по двете раце, а како што истакнува искусната ракометарка, спортот воопшто не е лесен, особено после добиените удари по целото тело.
„Многумина мислат дека спортот се големи плати, патувања, медали, фитнес часови, позитивни емоции итн. Но, не… Не е сè толку шарено како што изгледа, а денес ќе ви ја покажам другата страна на медалот. После секој натпревар, а понекогаш и после тренинг телото на ракометарката изгледа отприлика вака. И ако тоа е тешка игра, тогаш станува полошо. Сопругот веќе е навикнат на ова, но понекогаш вели: „Облечи се, покриј се, инаку никогаш не знаеш што ќе мислат луѓето. Добро е ако се работи за гребнатини и модринки на рацете и нозете, но, за жал, понекогаш тоа завршува на лицето, очите, носот, а да не зборуваме за сериозни повреди. Па, пријатели мои, пред да кажете дека спортот е лесен, да се биде спортист и да се натпреварува, да се освојува медали, размислете дали би можеле да ја преживеете болката и солзите на поразот и што е најважно, дали можете да станете и да продолжите понатаму“, напиша Сен.
View this post on Instagram