Тимот на Војводина денеска беше добар ривал за Вардар за да се видат до каде се можностите во овој момент, а според играта која беше прикажана и составот од Нови Сад ќе има што да покаже во следниот период.
Тренерот Борис Ројевиќ има некои моменти од кои не може да биде задоволен од играта на неговите ракометари и вели дека денеска имале преголем респект за екипата на Вардар.
„Натпреварот го одлучија нашите зицери. Сигурно промашивме 10-12, можеби и повеќе зицери во ситуација ‘еден на еден’ со голманот. На ваков натпревар тоа е многу. Многу го респектиравме Вардар во првото полувреме кога нашите ривали се одвоија на 4-5 разлика после 7-8 минути и оваа предност ја одржуваа. Имавме приклучок за да дојдеме до два гола разлика, но тогаш ги промашивме зицерите. Ристовски беше непремостива препрека за нас денеска, а можам да бидам задоволен од играта во второто полувреме“, ијави после натпреварот тренерот на Војводина, Ројевиќ.
Екипата на следниот натпревар во СЕХА лигата ќе го има на 2 февруари кога гостува кај тимот на Мотор Запорожје.