Екипата на Војводина си заминува од Скопје со пораз од 23:26, но ова е добар резултат за нив со оглед на тоа што Вардар важеше како фаворит. И во двата тима недостигаа неколку играчи, но и покрај тоа имаше добра средба.
„Мислам дека можевме да поминеме подобро резултатски. Промашивме некои зицери и мали детали не однесоа до пораз. Примивме гол на празен гол и ја оставивме средината празна на моменти и овие детали не оставија без победа“, рече тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ.
Ракометарот Милош Грозданиќ, пак, после средбата се обиде поразот да го оправда со нервозата која беше присутна на моменти.
„Влеговме многу нервозно во натпреварот и многу чекавме на првиот гол. Сепак, подоцна фативме приклучок и имавме нерешен резултат на полувреме. Меѓутоа, во вториот дел откако поведовме со неколку промашени зицери му дадовме на Вардар шанса за да се одвои. Дел од нашите играчи не се тука поради повреда и тоа се одрази на играта“, изјави Грозданиќ.
Шансата за победа Војводина ќе ја бара в недела кога на домашен терен ќе игра против екипта на Пекинг Универзитет во рмки на 6. коло.