Ростов ја доби драмата со Кристијансанд

Денес се одигра еден натпревар во рамките од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Рускиот Ростов Дон славеше минимална победа над Вајперс Кристијансанд, 24:23. На полувреме резултатот беше 16:15 за норвешкиот првак.

Во израмнет натпревар и менување на водството на двете страни, Ростов Дон со гол во последните секунди постигнат од Катарина Крпеж стигна до нови бодови.

Најефикасна ракометарка во редовите на Ростов Дон беше, Ана Вјахирева со пет погодоци. Во норвешкиот тим, Кнедликова Јана и Нора Мерк беа најефикасни со по четири погодоци.

Последен предизвик за Ростов Дон од групната фаза во Лигата на шампионите е дуелот со ФТЦ на 13 февруари.