Ростов Дон со пивот од Шведска во трка за титулата во ЛШ

Репрезентативката на Шведска, пивотот Ана Лагерквист после три години во редовите на Никобинг кариерата ја продолжува во таборот на шампионот на Русија, Ростов Дон.

Лагерквист потпиша договор со тим кој во следната сезона ќе биде меѓу главните кандидати за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Според информациите таа била во комбинација и за тимот на Баја Маре од Романија и преговарала со овој клуб.

Сепак, понудата на Ростов Дон била далеку подобра така на крајот заврши во првенството на Русија.