Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за осмото коло во Лигата на шампионите.
На дуелот меѓу Вардар и ПИК Сегед што се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“, правдата ќе ја делат романски арбитри.
Станува збор за Ромео Штефан и Богдан Штарк, додека делегат на овој натпревар ќе биде Владимир Ранчик од Словачка.
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед започнува утревечер од 20:45 часот.