Машката репрезентација на Македонија вечерва во Букурешт ќе брани осум гола предност од првиот меч против Романија во Скопје.
Иако Македонија е блиску до вториот бараж за СП, Романците не се откажуваат. Голманот Јонут Јанку, кој беше меѓу најдобрите поединци со 11 одбрани на првиот меч, вели дека се е можно.
„Разочарани сме, но сè може да се случи во реваншот. Мора да се надеваме дека можеме да одиграме подобро и да имаме подобар старт на натпреварот. Натпреварот во Скопје против Македонија беше големо разочарување, бидејќи навистина мислевме дека имавме добра ждрепка и дека можеме да ја елиминираме“, изјави голманот Јонут Јанку.
Реванш натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во Букурешт со почеток во 17:00 часот.