Романскиот “ГСП” наjaвува дека шампионот Динамо Букурешт ќе биде новиот клуб на Дејан Манасков.
Македонскиот репрезентативец би требало да биде едно од трите засилувања со Станислав Кашпарек и Али Зеин. Со нив тренерот Пасквал ќе атакува на успех во Лигата на шампионите идната сезона. Динамо Букурешт ja одбрани титулата во Романиja и обезбеди место во ЛШ.
Манасков одамна наjави дека си оди од унгарскиот Веспрем, а пропушти голем дел од оваа сезона поради повреда на лигаментите на коленото, но би требало да се врати за финишот за сезоната.
Манасков пред Веспрем беше дел од Металург, Вецлар, Вардар и Рајн Некар Левен.