Романците избројаа 16 судиски грешки против нив (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора со триумфот против Романија од 35:34 обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство 2022.

Романската ракометна јавност остана бесна после поразот и најголемиот виновник за ваквиот исход го бара во судискиот пар од Австрија, Ана Вранеш и Марлис Венингер, кои наводно суделе во корист за избраничките на Бојана Поповиќ.

Романците направија и видео со сите спорни одлуки од страна на судискиот пар од Австрија. Романската ракометна јавност од својата федерација бара да поднесе жалба до ЕХФ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HandballNews.RO (@handballnews.ro)

Неагу и колешките за да дојдат до 3. позиција на табелата, која носи борба за петтото место на континенталниот собир, ќе треба во денешниот дуел да слават против Германија, потоа црногорската селекција да ја победи Холандија и Франција да одигра рутински против ,,црвената фурија”.