Женската репрезентација ги доби ривалите за Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора, а покрај Холандија и Франција, нашите дами ќе се соочат и со Романија.
Селекторот на Романија, Ади Василе имаше свое видување за ждрепката и ги истакна очекувањата, нагласувајќи дека секогаш е добро кога имате силни противници.
„Ждрепката е израмнета, како и на секое Европско првенство. Секогаш велам дека ми е драго кога имаме силни противници бидејќи тоа е единствениот начин да се тестираме до каде сме и да се надминеме. Има уште многу време до почетокот на натпреварувањето и мора ефикасно да го искористиме. Најважно ќе биде сите девојки да бидат здрави и да го имаме најсилниот тим. Верувам во нашите квалитети“, рече Василе за ждрепката.
Романија ќе игра во групата Ц која ќе се игра во Македонјиа, а освен нашата репрезентација прпотивници уште ќе им бидат Франција и Холандија.