Една од најубавите романски ракометарки, голманката на Рапид Букурешт и репрезентацијата на Романија Дениса Деду, кажа „ДА“ на запросувањето од ракометарот на Констанца, Циприан Сандру.
Ракометарката беше изненадена на одморот во Турција каде што таа и Сандру се со уште неколку пријатели. Тие организирале забава на јахта, а целиот план на Сандру за романтично запросување на море му усепал и неговата Дениса му кажа „да“.
Деду има 26 години и до оваа лето беше член на ЧСМ Букурешт, од каде премина во Рапид Букурешт. Сандру има 30 години и веќе две сезони настапува за Констанца, а двајцате се заедно веќе две години.
Во договорот кој Деду го потпиша со Рапид има клаузула според која голманката може да забремени во било кое време, а романските медиуми веќе пренесуваат дека таа наскоро ќе стане мајка и клубот веќе бара нов голман. Доколку ова се оствари Деду ќе биде подолго надвор од терените и ќе го пропушти Светското првенство во декември.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram