Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, паузата меѓу двете сезони ја искористи на убав начин.
Ракометарот на шампионот Еурофарм Пелистер ја побара за сопруга долгодишната девојка Ана Станикевска, а од неа доби потврден одговор.
Романтичното запросување се случи во Капри, италијански град каде двојката го минува летниот одмор.
Танкоски стана првак на Македонија, а сега има уште една прилика за славење пред новите предизвици со Еурофарм Пелистер.