Откако романската селекција на ЕП беше поразена од Црна Гора со 35:34, спортската ракометна јавност во Романија остана бесна поради судискиот пар од Австрија, Ана Вранеш и Марлис Венингер, кои со своето судење имале влијание во победата на црногорската селекција.
Веднаш после натпреварот се огласи и Кристина Неагу, која не штедеше зборови за судијките од Австрија и порача дека тие не би смееле на судат на никој.
Романија денес го доживеа вториот пораз во главната фаза, беше поразена од Германија со 32:28 и го заврши настапот на континенталниот собир.
По натпреварот, репрезентативките на Романија од својата соблекувална во СЦ ,,Борис Трајковски” испратија порака, која најверојатно треба да ја видат Ана Вранеш и Марлис Венингер. Насловот на пораката е ,,Почитувај ја нашата работа”.