Романска свирка за Металург во Франција

Ракометарите на Металург на 20 октомври во францускиот Тулуз ќе ја започнат групната фаза од Лигата на Европа.

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за натпреварот меѓу Тулуз и Металург, а тоа ќе бидат романски арбитри.

Станува збор за Михаи Мариан Пирву и Раду Михаи Потирниче, додека делегат ќе биде Французинот Жан-Филип Дубдуа.

Натпреварот меѓу францускиот тим и Металург се игра во вторник на 20 октомври со почеток во 20:45 часот.