Дисциплинската комисија на Ракометната федрација на Романија ја казни најдобрата ракометарка Кристина Неагу со 1.000 леи, односно околу 200 евра за „тенденциозни изјави кои немаат допир со реалноста“.
Пред неколку недели по мечот меѓу ЧСМ Букурешт и Залау, капитенот на вицепрвакот Кристина Неагу, напиша статус на социјалните мрежи, во кој ја критикуваше судиската двојка.
Таа исто така се сомневаше дека мечот меѓу Валчеа и Рапид Букурешт, по кој нејзиниот тим остана без титула, е наместен, односно дека ракометарките на Валчеа намерно играле лошо, само за ЧСМ да остане без титула.
По ваквите коментари си доби казна од националната федерација, иако таа е многу мала. Со оглед на нејзината плата од 22.000 евра, сигурно нема да и биде проблем да ја плати смешната казна од 200 евра.